• среда, 25 декември 2024

Се чистат каналите на водотеците во Берово

Се чистат каналите на водотеците во Берово

Берово, 15 август 2023 (МИА) - Во Берово во тек активности за чистење на каналите, со цел спречување на идни поплави. Со првата активност како што информираа од Општината со чистење од наносен материјал опфатен е Ормански канал кој пред околу еден месец беше зафатен од поплавите во Берово.

-Согледувајќи ги реалните потреби и состојбите на водотеците, во изминатиот период, во соработка со АД Водостопанство, во државна сопственост, спроведена е акција за чистење на  Ормански канал. Чистењето на овој природен водотек, од наносен материјал и вегетација, во должина oд 1250 метри, се врши со цел спречување на излевањето на водата надвор од коритото и заштитата на семејните имоти и куќи од поплави, како и заштита на улицата  информираа од Општината.

Оттаму додадоа дека во согласност со програмите за чистење на природни водотеци ќе продолжи грижата за подобрување на условите за живот на граѓаните и за подобрување на сликата за градот.

-Преку издвојувањето на средства за реализација на вакви превентивни активности, Општина Берово постојано позитивно придонесува во услови на обилни врнежи, да бидат намалени на минимум, можностите за поплави на објекти и имот во Берово и околината, додадоа од Општината.

Ваквите активности како што додадоа продолжуваат и во наредниот период, а во реализација на истите како што додадоа можат да се вклучат и доброволци и останати граѓани. вс/ир


Фото: МИА

Остани поврзан