Се урна руски авион Су-30, екипажот загина
- Авион двосед Су-30 се урна во Калининградската област, а прелиминарната причина за падот е технички дефект, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.

Москва, 12 август 2023 (МИА) - Авион двосед Су-30 се урна во Калининградската област, а прелиминарната причина за падот е технички дефект, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.
„На 12 август годинава, за време на тренинг лет во Калининградската област, авионот Су-30 се урна во напуштена област. Летот беше извршен без муниција. Екипажот на леталото загина“, соопшти руското министерство.
Како што е наведено во соопштението, „според прелиминарните информации, причина за падот е технички дефект“. паг/
Фото: МИА архива