• недела, 01 септември 2024

Се урна зграда во Истанбул, едно лице затрупано под урнатините

Се урна зграда во Истанбул, едно лице затрупано под урнатините

Истанбул, 12 август 2023 (МИА) - Историска зграда денеска се урна во истанбулскиот кварт Бешикташ. Под урнатините на зградата има затрупано лице, објавија очевидци цитирани од турската државна телевизија ТРТ-Хабер.

Трикатницата се урна при реставрација. Инцидентот се случил околу 15 часот и 30 минути.

При уривањето биле затрупани две лица. Едно лице е извлечено од под урнатините од луѓето од околината, јави агенцијата Анадолија.

Преземена е акција за спасување на потрупаното лице. Во областа се испратени полициски екипи, пожарникари, медицински лица, екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во акцијата за спасување е вклучено и специјално обучено куче. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан