• среда, 25 декември 2024

Се уредува тротоарската површина кај трговскиот центар „Штип Сити Мол“

Се уредува тротоарската површина кај трговскиот центар „Штип Сити Мол“

Штип, 3 март 2023 (МИА) - Нова тротоарска површина добива улицата „д-р Слободан Јовановски“ во Штип на потегот до Камениот мост. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека овој потег, кој е околу новиот трговски центар „Штип Сити Мол“, ќе добие целосно уредување со тоа што ќе се работи и на осветлувањето, бидејќи ова е едно од потребите и барањата на граѓаните. Активноста ја спроведуваат екипи на ЈП „Стипион“.

 -Откако ја нотиравме потребата, одлучивме на потегот од Камениот мост до новиот објект на „Штип Сити Мол“ да поставиме нов тротоар, нови тротоарски површини за пешаците коишто го користат овој потег. Одлучивме преку ЈП „Стипион“ во деновите што следат да се изработи оваа тротоарска површина, а дополнително и да се осветли целиот овој потег, рече Јорданов.

Директорот на ЈП „Стипион“ Кирил Зајков, пак, ги посочи техничките спецификации на тротоарската површина и напомена дека активностите ќе бидат завршени во текот на следната седмица.

елата финансиска конструкција е околу 420 илјади денари. Активностите започнаа пред три дена и наша проекција е дека истите ќе бидат завршени во текот на наредната недела, најдоцна до среда. Овој дел од градот доби тротоарско решение пред година и пол, кога кај СРЦ „Брегалница“ беше поставен тротоар со должина од повеќе од илјада метри и финансиски средства од над еден милион денари, рече Зајков.

Во изминатиов период ЈП „Стипион“ работеше на тротоарски решенија и во други населби од градот, а градоначалникот Јорданов посочи дека на ова ќе се работи и во претстојниот период секаде каде што има потреба. вдј/мс/

Фото/Општина Штип 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан