Се уредува пристапот до манастирот „Св. Илија" во делчевското село Ѕвегор
- Во тек градежни работи за доуредување на манастирскиот комплекс „Св. Илија" во делчевското село Ѕвегор. Во моментов, како што информираше претставникот на црковниот одбор Ванчо Новоселски, се
Делчево, 6 јули 2022 (МИА) - Во тек градежни работи за доуредување на манастирскиот комплекс „Св. Илија" во делчевското село Ѕвегор. Во моментов, како што информираше претставникот на црковниот одбор Ванчо Новоселски, се работи на уредување на пристапниот пат до самиот манастир.
-Градежните работи за уредување на теренот ги изведува фирмата СД „Транс" од село Ѕвегор. Голема благодарност до нашите иселеници од Пиду и околината од Швајцарија, без чија финансиска поддршка активноста немаше да се реализира, рече Новоселски.
Градежните работи, како што додаде, се очекува да завршат кон крајот на оваа недела.
-Ова се воедно завршни активности пред претстојното одбележување на Илинден кој е соборен ден во селото. Со реализација на активностите за подобар пристап до комплексот „Св. Илија", конечно ќе го одбележиме достоинствено празникот кој ни претстои, додаде Новоселски.
Претходно, исто така, со донации од иселеници од Швајцарија, беше изграден помошен објект во близина на манастирот. вс/вј/