Се уредуваат парковите површини во делчевско
- Во Делчево во тек е редовно уредување на тревните површини и дрворедите на повеќе локации во градот. Активностите ги спроведува Јавното комунално претпријатие Брегалница, а истите како што со
![Се уредуваат парковите површини во делчевско](https://mia.mk/index.php/images/20221103194643_big_730x400_69.webp )
Делчево, 4 мај 2020 (МИА) - Во Делчево во тек е редовно уредување на тревните површини и дрворедите на повеќе локации во градот. Активностите ги спроведува Јавното комунално претпријатие Брегалница, а истите како што соопштија, се реализираат на повеќе локации во градот.
-Во рамки на тековните активности се кастрат гранките и обликуваат крошните на дрвјата, додека паралелно се врши на уредување на зеленилото на повеќе јавни површини. Наша обврска е и во време на пандемија остануваме силно да бидеме посветени на одржување на јавната чистота, сервисирање на потребите на граѓаните, подобрување на инфраструктурата и уредување на јавното зеленило, истакнаа од претпријатието.
![Јавен простор уредување](/articles/images/se-ureduvaat-parkovite-povrshini-vo-delchevsko/14A92YBjE/placeholder.webp?use_watermark=0)
Во текот на денешниот ден исто така се изврши и дезинфекција во гимназијата „Методи Митевски Брицо“.
-Се работи за трета дезинфекција со која се опфатени сите простории во училиштето, како и надворешниот дел и парковите. Исто така со оваа активност ќе биде опфатена и спортската сала во училиштето, истакнаа од гимназијата.
Согласно насоките на Регионалниот кризен штаб во наредниот период со дезинфекција ќе се продолжи и во останатите јавни установи во градот. вс/ир