• понеделник, 23 декември 2024

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса
Скопје, 13 јули 2020 (МИА) - Владата денеска донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса и ограничувањето на една маса да седат четворица само ако се од исто семејство. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји. нд/бак/

Остани поврзан