• среда, 25 декември 2024

Се тампонираат уличките од населба Голеш на Тиквешко Езеро

Се тампонираат уличките од населба Голеш на Тиквешко Езеро
Кавадарци, 4 август 2022 (МИА) - Се тампонираат уличките од викенд населбата Голеш на Тиквешко Езеро. Раководителот на секторот „Мој општинар" при кавадаречката локална самоуправа, Димитар Радњански рече дека е ова донација од фирмата „Ја-Ми“, која за оваа активност обезбедила еден скип и три камиони. -Мештани од куќите во оваа населба и самите учествуваат со работна сила на терен. Инаку, најпрвин беше тампониран патот од хидроцентралата, што води кон селото Шешково. Потоа се вршеше тампонирање на патот од населбата Брушани до Голеш, во должина од 500 метри, инвестиција од Општината. Со двата зафата, се средија пристапните патишта до Голеш. Сега се тампонираат 700 квадратни метри, улички во самата населба, појасни Радњански за МИА. Тој потсети дека во населбата Голеш има околу 200 викендички, а крај целото Тиквешко Езеро, како втора по големина вештачка акумулација во државата, околу две до три илјади викенд куќички. свд/рп/

Остани поврзан