• сабота, 23 ноември 2024

Се снима филм за Шерон и Ози Озборн

Се снима филм за Шерон и Ози Озборн
Лос Анџелес, 22 октомври 2021 (МИА) - Љубовната приказна на Шерон и Ози Озборн наскоро ќе се прикаже на големото платно. Филмот го снима „Сони пикчрс“, а сценариото е на Ли Хол. „Нашиот однос понекогаш беше бурен, но бескрајната љубов успеа да нѐ одржи заедно. Драго ни е што аранжманите за снимањето се во тек", изјави Шерон. Двојката се венча во 1982 година, по тригодишна врска. Многу од песните на рок-бендот „Блек Сабат“ на Ози, како и оние што ги снимил за време на неговата соло-кариера, ќе бидат дел од филмот. Ова познато семејство претходно беше и во главна улога во реалното шоу на Ем-ти-ви - „Озборнови“. Се емитуваше од 2002 до 2005 година, а нивниот син Џек (35) и ќерка им Кели, исто така, беа дел од шоуто. Сепак, иако шоуто беше меѓу најгледаните продукции на Музичката телевизија во тоа време, нивната најстара ќерка Ејми одби да учествува во снимањето.  си/

Остани поврзан