• сабота, 23 ноември 2024

Се садат нови 50 дрвја во Општина Карпош

Се садат нови 50 дрвја во Општина Карпош
Скопје, 25 мај 2021 (МИА) - Комуналните служби на Општина Карпош ја започнаа акцијата за садење на 50 нови, висококвалитетни дрвја. - Од Карпош 2, од улицата „Никола Тесла“ започна садењето на јавори, јасени, липи и туи. Оваа еко – акција паралелно се спроведува низ повеќе населби: Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 1, Козле, на „Млечен“ и во Криви Дол, информираат од општинската прес-служба. При теренскиот увид, градоначалникот Стефан Богоев истакна дека локалната самоуправа во континуитет работи на зголемување на меѓублоковското зеленило и дека се зголемени средствата за заштита на животната средина: - Неодамна, завршивме и со садење на 200 ореви, а со ребалансот на Буџетот ги зголемивме средствата во сферата на екологијата. За оваа сезона, планираме 13 милиони денари за нови тревни површини, украсни растенија, како и системи за наводнување. Предвидовме и повеќе средства за расчистување на депонии и за набавка на современи дувалки за лисја, рече Богоев. Посочуваат дека Општината обезбедила и повеќе буџетски пари за одржување на детски и спортски игралишта, како и поставување повеќе клупи и корпи за отпадоци. - Основната цел е да се креираат што е можно повеќе зелени површини – маалски паркови по населбите. Овие јавни простори се места за спорт и рекреација за сите граѓани, наведуваат од Општината.фф/скс/

Остани поврзан