• петок, 27 декември 2024

Се реновира зградата на Струшката пожарна

Се реновира зградата на Струшката пожарна

Струга, 1 јули 2024 (МИА) - Целосно се реновира внатрешно и надворешно зградата на Територијалната противпожарна единица-Струга, во рамки на проектот IPA CBC за прекуграниучна соработка меѓу Албанија и Северна Македонија, партнерство на општина Либражд од Албанија и Дирекцијата за заштита и спасување, а кофинансиран од Општина Струга.

Раководителот на одделението за Меѓународни фондови при Општина Струга, Албрим Положани информира дека дел од активностите се замена на старите кревети со нови, поставувени се нови шкафови, пумпа за греење и клима уреди...

- Реновирана е и фасадата на ТППЕ Струга, а за да се постигне енергетска ефикасност, ќе бидат поставени и фотоволтаични панели, изјави Положани.

Во рамки на проектот, според него, поставени се и сензори и камери за рано детектирање пожари на неколку локации.

- Се работи за обемен проект, кој се реализира во повеќе фази. Главната активност беше поставување сензори и камери за рано детектирање на пожари на планината Јаблнаница, во село Богојци, како и на зградата на ТППЕ Струга, со што е опфатен обемен простор, вели Положани.

Раното детектирање пожари, нагласи, е многу важно за навремена интервенција.

-Во рамки на вториот дел од проектот, аплициравме за теренски возила со кои струшките пожарникари лесно би стигнале на помалку достапен опожарен терен, додаде Положани. сс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан