• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се реконструира фекална канализација во кавадаречко Ресава 

Се реконструира фекална канализација во кавадаречко Ресава 

Кавадарци, 27 март 2025 (МИА) - Се реконструира фекална канализација во кавадаречкото село Ресава, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

- Општина Кавадарци постојано инвестира во селата и руралните средини. Во тек е реконструкција на фекална канализација во село Ресава. Изведувач на работите е фирмата РМК ,,Градба" од Студеничани. Вкупната вредност изнесува 8.089.655 денари, од кои 3.000.000 денари се инвестиција на Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатиот износ е инвестиција на општина Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму нагласија дека Општината континуирано рамномерно инвестира како во урбаните, така и во руралните средини. свд/сст/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан