Се реконструира деловен простор од Спортската сала „Гемиџии“ во Велес
- Фирмата „Брих“ ДОО од Велес во изминатите неколку месеци интензивно работи на реконструкција на околу 800 квадратни метри деловен простор земен под закуп во спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Како што информира денеска градоначалникот Марко Колев, просторот ќе биде наменет за бизнис и ИТ хаб, во кој поединци и компании ќе можат да работат на заеднички и индивидуални проекти.
Велес, 20 декември 2024 (МИА) - Фирмата „Брих“ ДОО од Велес во изминатите неколку месеци интензивно работи на реконструкција на околу 800 квадратни метри деловен простор земен под закуп во спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Како што информира денеска градоначалникот Марко Колев, просторот ќе биде наменет за бизнис и ИТ хаб, во кој поединци и компании ќе можат да работат на заеднички и индивидуални проекти.
-Со оваа инвестиција значително се придонесува за развој на ЈП „Парк спорт и паркинзи“, како и на бизнис секторот во градот. Соработката помеѓу локалната самоуправа, јавните претпријатија и бизнис заедницата е клучна за развој на Општината, потенцира Колев.
Воедно ги повика и останатите фирми да соработуваат со Општина Велес и да инвестираат во објекти кои се сопственост на Општината.ад/вј/
Фото: МИА.