• петок, 08 ноември 2024

Се разведуваат Џејсон Момоа и Лиза Боне

Се разведуваат Џејсон Момоа и Лиза Боне
Лос Анџелес, 14 јануари 2022 (МИА) - На една од можеби најромантичните холивудски љубовни приказни ѝ дојде крајот - Џејсон Момо и Лиза Боне на Инстаграм објавија дека се разведуваат. „Сите го чувствуваме притисокот и промените во овие времиња... Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок... Тоа се чувствува и расте од сеизмичките промени што се случуваат... И така - ги споделуваме нашите семејни новости - да се разделиме“, се вели во објавата. Тие истакнуваат дека не го споделуваат ова затоа што вреди да се објави на вести, туку за да можат „достоинствено и чесно да продолжат“ со животот. - „Нашата посветеност е непоколеблива кон животот на овој свет и кон нашите деца. Нека преовладува љубовта. Џ и Л“, пишува на крајот од соопштението. Двајцата се запознале во џез-клуб во 2005 година. Момоа (42) славата меѓу другото ја стекна со улогата на Кал Дрога во серијата „Игра на тронови“, а 12 години повозрасната Боне е позната по улогата на Дениз Хакстабл во серијата „Козби шоу“ која се емитуваше во 1980-тите. Се венчаа во 2017 година. Заедно имаат две деца - девојче и момче. Боне претходно беше вo брак со пејачот Лени Кравиц, со кого ја има ќерката - исто така глумица, Зои Кравиц.  си/ссм/

Остани поврзан