Се прават подготовки за четврта трансплантација на срце
- Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот фејсбук профил објави дека се прават подготовки за четврта трансплантација на срце.

Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот фејсбук профил објави дека се прават подготовки за четврта трансплантација на срце.
- Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша Филипче.
Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации. бак/сп/