• четврток, 08 јануари 2026

Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, вели Мицкоски

Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, вели Мицкоски

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање што тие го имаат, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по божикната литургија во Соборниот храм во Скопје одговарајќи на новинарско прашање.  

- Мене тоа не ме чуди, не знам дали тоа некого го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези кои што ги имавме од првиот момент дека не е Бугари во Устав единственото барање туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но ова се денови кога треба да простуваме, да се обединуваме, да се сплотуваме и како народ и како нација и мислам дека конечно како народ ќе сватиме без разлика дали сме во власта или во опозицијата дека за некои прашања едноставно треба да бидеме заедно, изјави премиерот Мицкоски.

Изрази жалење, што, како што кажа, претходната Влада на еден таков начин „влезе во оваа авантура и го заглави евроинтегративниот процес на државата“.Апелираше до опозицијата да ги напушти тезите што ги пласира во јавноста во однос на евроинтеграциите и да застане во одбрана на македонските национални интереси. 

- Жалам што ја прифати капитулацијата или ултиматумот тогаш од страна на нашиот источен сосед, наместо да не послуша и тогаш. Но, еве повторно апелирам до опозицијата, подадена е раката, исправена е раката да ги напуштат тие нивни тези кои ги слушаме во јавноста и да застанат конечно во одбрана на македонските национални интереси. Ова е таков ден, рече премиерот Мицкоски.  

Бугарија пред неколку дена не го прифати Предлог - Акцискиот план за малцинствата бидејќи, како што беше соопштено, бил напишан на македонски јазик. Акцискиот план за унапредување на правата на малцинствата, кој е во работна верзија, е изработен во согласност со став 35 од преговарачката рамка за земјава, усвоена од Советот на Европската Унија на 18 јули 2022 година. ев/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан