Се погласни барањата за усогласување на платите со минималната плата, во спротивно се најавува штрајк
- По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и кол



- Кога зборуваме за приватниот сектор тоа важи, меѓутоа тоа е мое лично мислење дека треба да важи и за јавниот сектор, што значи дека кога зборуваме за зголемување на платите, зборуваме за социјален дијалог во кој зборуваме за зголемување на платите, но, исто така и за зголемување на продуктивноста на трудот бидејќи јавниот сектор е платен од даночните обврзници, од сите граѓани и тоа особено од оние кои работат во приватниот сектор и треба и услугите што ги добиваат граѓаните да бидат секогаш од ден во ден, од месец во месец на повисоко ниво, изјави вчера Ковачевски.
Измените на Законот за минимална плата кои уследија по постигнатиот договор на Економско-социјалниот совет се во собраниска процедура. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека амандмански ќе побара усогласување на платите со минималната плата.
- Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција во четвртокот.