• вторник, 24 декември 2024

Се одржа традиционалниот новогодишно-божикен концерт на струмичките гимназијалци

Се одржа традиционалниот новогодишно-божикен концерт на струмичките гимназијалци
Струмица, 5 јануари 2020 (МИА) - Поранешни и сегашни ученици на струмичката гимназија „Јане Сандански“ заедно со хорот вечерва по десетти пат го одржаа традиционалниот хуманитарен новогодишно-божикен концерт насловен како „Деценија“. Концертот се одржи во Центарот за култура, а на сцената се појавија деведесет учесници. Учесниците отпееја песни од различни жанрови, а меѓу нив беа и Александра Јанева, Јовче Пандев, Ивана Василева, Ристе Гавровски, Ангела Илиева и други имиња кои се дел од македонската естрадна сцена, а се поранешни ученици во гимназијата. Се одржаа два концерти, а билетите за нив беа распродадени неколку дена претходно. Парите од влезниците се наменети за лекување на дваесет и едно годишниот Стојче Јовановски и за набавка на музички инструменти за кабинетот по музика во Гимназијата „Јане Сандански“. рт/аа/

Остани поврзан