• понеделник, 16 декември 2024

Се одржа планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на Сува гора

Се одржа планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на Сува гора
Тетово, 25 октомври 2020 (МИА) - Се одржа третата по ред планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора. Денеска учесниците ја поминаа патеката со почетна точка во селото Блаце, па се до Волковија. - Додека се движевме по патеката се поминува покрај повеќе православни цркви „Св. Троица“ во Блаце на 720 метри надморска височина каде е изграден врз археолошки локалитет „Самовилска вода“ од старохристијанско време, кој опфаќа и извор кој според преданијата има лековито дејство.  Потоа „Св. Петка“, атар на селото Стенче како и археолошки локалитет - месност „Граиште“ близу истото место. Воедно се поминува и покрај „Св. Илија“ во Стенче, потоа „Св. Екатерина“, Стенчевска чука, и се последните Св. Георги Победоносец“ во Волковска чука и „Св. Мина“ во Волковија, каде ја завршивме акцијата, информираат од планинарскиот клуб Јелак. Покрај клубот Јелак, организатори се и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската Православна Црква. Ова е трета ваква акција на организаторите откако за прв пат патеката беше поставена и реализирана во 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска Архиепископија“. ас/мс/

Остани поврзан