Се одржа манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пее“
- Со настап на играорни групи и други секции на повеќе културно-уметнички друштва, промоција на книга и музичка програма попладнево се одржа манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пе
Тетово, 4 јули 2021 (МИА) - Со настап на играорни групи и други секции на повеќе културно-уметнички друштва, промоција на книга и музичка програма попладнево се одржа манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пее".
На манифестацијата настапија фолклорниот ансамбл Ораовица, ГКУД „Браќа Гиноски“ - Гостивар, КУД „Бранко Чајка“ - Тетово, КУД „Младост“ - Кичево, КУД „7-ми Септември“ - Македонски Брод, КУД „Брвеница “ - Рашка, Србија, како и домаќините од КУД „Брвеница“
- Манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пее“ помина според планиранара програма со учество на гостински културно уметнички друштва, познати соло пеачи и промоција на книгата "Еден живот" на Драган Никифоровиќ, член на КУД "Брвеница" од Рашка, Србија. И покрај пандемијата и протоколи сите имаа голема желба и ентузијазам да се продолжи културната традиција на село Брвеница, изјави Блаже Мишевски, музички директор на КУД „Брвеница".
Манифестацијата се одржи на отворено во дворот на основното училиште „Коста Рацин“ во тетовска Брвеница. ас/сп/