• сабота, 23 ноември 2024

Се намалува водата во каналите во Венеција

Се намалува водата во каналите во Венеција

Венеција, 23 февруари 2023 (МИА) - Каналите во Венеција се соочуваат со намалување на нивото на водата, така што многу од нив веќе се непогодни за гондоли и чамците што се вообичаен сообраќај во Венетската Лагуна на Италија.

Сликите од градот сега покажуваат дека некои канали се сведени на „калливи корита“ - како што велат познавачите.

Италијанското еколошко здружение „Лига за околината“ („Легамбиенте“) го вклучи алармот претходно оваа недела, предупредувајќи дека на Италијанските Алпи паѓа околу 53 отсто помалку снег во споредба со просекот последниве 10 години. Тоа е загрижувачки, бидејќи снегот е важен извор на вода напролет и лете, вклучително и онаа за секојдневни животни потреби.

Стручњаците велат дека причина за овие непогоди се климатските промени.

На национално ниво, снежниот дефицит изнесува околу 45 отсто, соопшти „Легамбиенте“.

Минатиот јули, Италија ја претрпе најголемата суша во последните 70 години и прогласи вонредна состојба во областите околу реката По.

Во текот на следната недела во Венеција и околината се предвидуваат, според познавачите - „очајно потребните“ врнежи.  си/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан