• среда, 25 декември 2024

Се зголемува капацитетот на градинката „Срничка“ во Пробиштип

Се зголемува капацитетот на градинката „Срничка“ во Пробиштип
Пробиштип, 10 август 2022 (МИА) - Општина Пробиштип ги проширува капацитетите за сместување и грижа на децата од претшколска возраст. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска информираше дека веќе е во тек доградбата на четири нови занимални и еден мултифункционален простор, со кујна и тоалети во склоп на објекот „Срничка" при детската градинака  „Гоце Делчев". Проширувањето на овој капацитет е во финална фаза. - Веќе од септември капацитетот ќе биде отворен за да згрижи 70 дечиња, при што се отвара простор и за јаслена група. Со реализација на овој проект значително се подобруваат условите за згрижување на дечиња, вели Анастасов. Посочи дека проектот е финансиран од Министерство за труд и социјална политика, преку Светска банка и вкупната вредност изнесува 27 милиони денари. вдј/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан