Се запали авион во Тексас, сите патници преживеаја
- Авион со 21 патник и членови на екипажот се запали денеска при полетување во близина на аеродромот во Брукшир во американската сојузна држава Тексас, при што сите преживеаја, а повредено е са

Хјустон, 19 октомври 2021 (МИА) - Авион со 21 патник и членови на екипажот се запали денеска при полетување во близина на аеродромот во Брукшир во американската сојузна држава Тексас, при што сите преживеаја, а повредено е само едно лице.
Аеродромот во Брукшир се наоѓа во близина на градот Хјустон. Авионот „Мекдонел Даглас МД-87“ утрово ја премина оградата додека се обидуваше да полета од аеродромот и се запали во поле.
Во моментот на несреќата во авионот се наоѓале 21 лице - 18 патници и тројца членови на екипажот. Две лица се пренесени в болница, а најмладиот патник во авионот имал 10 години, изјавија официјалните лица. гт/
https://www.youtube.com/watch?v=pCRhnYIQRo0