• петок, 02 август 2024

Се е подготвено за третото издание на спортскиот фестивал „Илинден“

Се е подготвено за третото издание на спортскиот фестивал „Илинден“

Струга, 1 август 2024 (МИА) - Се е подготвено за третото издание на спортскиот фестивал „Илинден“, што утре на големиот празник Илинден ќе се одржи во Струга, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“, информира претседателот Коста Хиохи.

На фестивалот, кој покрај забавен има и натпреварувачки карактер, според организаторот, учесниците ќе се натпреваруваат во пливање, кајак, суп и такла.

- Очекувам голема посетеност на годинашното издание, со оглед на интересот за учество и пополнување на предвидените места неколку дена пред истекот на рокот. Земајќи го предвид интересот, очекуваме голема спортска битка во водите на реката Црн Дрим и несекојдневна забава за публиката, изјави Хиохи за МИА.

Годинава првпат е воведена дисциплината такла, односно стил на скокање од височина во водите на реката Црн Дрим, што е карактеристично во Струга и често го прават стружани, но и посетителите.

На учесниците им препорача постепено влегување во вода, да се загреат пред натпреварите, да внимаваат при скоковите, но и да се заштитат од сонцето со заштитен фактор, светла облека и капа и да конзумираат големи количества вода и безалкохолни пијалоци.

Ревијалниот дел, додаде, е традиционално резервиран за Ватерполо турнирот, кој и годинава ќе биде организиран во соработка со Ватерполо репрезентацијата на Македонија. Ги повика сите добронамерници, туристи, спортисти и рекреативци да дојдат утре, на десниот
брег на реката Црн Дрим, по Чаршискиот мост и заедно да го прослават Илинден во спортски дух. сс/мд/

Остани поврзан