Се евакуираат пациентите од болницата во Петриња
- Пациентите во бволницата во Петрињa чекаат да бидат евакууирани, биодејќи по денешниот земјотрес во објектот нема ниту електрична енергија ниту греење

Загреб, 29 декември 2020 (МИА) - Пациентите во бволницата во Петрињa чекаат да бидат евакууирани, биодејќи по денешниот земјотрес во објектот нема ниту електрична енергија ниту греење.
Одреден број пациенти се во болницата, а другите се надвор. Во денешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала во Хрватска загинаа најмалку шест лица. Епицентарот на земјотресот во 12:20 часот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња. Земјотресот е почувствуван во целиот регион. Потоа следуваа неколку потреси. ми/