• понеделник, 16 декември 2024

Се гради дел од патот кон штипското село Почивало

Се гради дел од патот кон штипското село Почивало

Штип, 5 февруари 2021 (МИА) - Во тек е изградбата на половина километар на локалниот пат за штипските села Шашаварлија - Кошево и Почивало. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов попладнево изврши увид во градежните работи, за поврзување на селото Почивало со асфалтен пат. Оваа делница од половина километар се очекува да биде асфалтирана за околу 30 дена.

-Инвестицијата е од околу 2.600.000 денари од страна на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој и Општина Штип. Во оваа фаза се прави рамнење на патот и во наредната фаза доаѓа до асфалтирање на истиот, вели Николов.

Посочи дека со поврзувањето на овие три населени места, жителите ќе имаат побрза комуникација, но и транспорт на нивните земјоделски производи до градот Штип.

Селото Почивало, кое е и најодалечено од Штип во текот на зимата, кога има големи снежни врнежи и по неколку дена, остануваат без пат и комуникација со останатите населени места.вдј/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан