• сабота, 23 ноември 2024

Се градат тротоари и паркинг места во штипската населба Сењак

Се градат тротоари и паркинг места во штипската населба Сењак

Штип, 31 октомври 2024 (МИА) - Нова тротоарска површина и уредување на просторот пред станбените згради е само една од активностите кои во наредниот период ќе се реализираат во штипската населба Сењак. За оваа активност на терен се издвоени нешто повеќе од 800.000 денари пари од Буџетот на Општина Штип. Градоначаникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција посочи дека се работи на запоставена површина и дека во наредниот период ќе се зголеми и безбедноста за жителите од овој дел од градот.

-Се работат неколку локации во населба Сењак. Една од локациите коишто деновиве ќе се третира е на улицата „Борис Крајгер“, тротоарска површина и платоа пред самите станбени згради. Повеќе од 800.000 денари ќе бидат потрошени за поставување на павер елементи и уредување на една запоставена површина. Дел од оваа површина ќе воспостави и пешачки премин на пешаците и на луѓето кои минуваат овде, пред самата крстосница, вели Јорданов.

По барање на граѓаните, а согласно планот и програмата за работа на Локалната самоуправа во населба Сењак се предвидени нови паркинг површини, паркови, зелени површини и слично.

-Тука се предвидени и паркинг површини, зелени површини, тротоарски површини. Ова е предвидено согласно Програмата и согласно буџетот, додава Јорданов.

Освен во населба Сењак активности се преземаат во речиси сите населени места, со цел подобар изглед на градот и подобро место за жиивеење за граѓаните. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан