Се градат тротоари во должина од еден километар во Штип
- Во должина од еден километар се градат нови тротоари на улицата, која ги поврзува булеварите „Партизанска“ и „Гоце Делчев“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека проектов се реализира со цел поголема безбедност за пешаците, но и за сите учесници во сообраќајот. Дополнително од наредната недела треба да завршат и активностите за асфалтирање на сервисни улички кои се наѓаат на овој потег.

Штип, 25 март 2025 (МИА) – Во должина од еден километар се градат нови тротоари на улицата, која ги поврзува булеварите „Партизанска“ и „Гоце Делчев“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека проектов се реализира со цел поголема безбедност за пешаците, но и за сите учесници во сообраќајот. Дополнително од наредната недела треба да завршат и активностите за асфалтирање на сервисни улички кои се наѓаат на овој потег.
-Овде транзитираат голем број ученици кои учат во СОУ „Коле Нехтенин“. Паралелно на ова ќе се асфалтираат сервисни улиици на булеварот „Гоце Делчев“ кои се наоѓаат на овој потег. Од страна на Општина Штип за уредувањето на тротоарските површини се издвоени околу два милиони денари, а за асфалтирањето на улиците се издвоени уште два милиони денари, изјави Јорданов.
Тој истакна дека периодов се работи и на останати улици и локации во градот. Активности има за реконструкција на водоводната мрежа, асфалтирање, уредување на тротоарски површини. вдј/дма/
Фото: МИА