Се враќа посетеноста во Стоби
- Со смирување на Ковид пандемијата се повеќе се враќаат посетителите во археолошкиот локалитет Стоби. Освен домашни се поголем е бројот на странските посетители, најмногу од САД, кои деновиве

Велес, 29 април 2021 (МИА) - Со смирување на Ковид пандемијата се повеќе се враќаат посетителите во археолошкиот локалитет Стоби. Освен домашни се поголем е бројот на странските посетители, најмногу од САД, кои деновиве доаѓаат и во групи, информира за МИА Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.
-Убавото време и смирување на состојбите со Ковид пандемијата одат во прилог на се поголема посетеност на археолошкиот локалитет Стоби, кој со години наназад бил и е најпривлечен археолошки локалитет во земјава. Освен домашните посетители, се повеќе доаѓаат и странски посетители, најмногу американски државјани, кои во групи доаѓаат да го посетат Стоби, информира Перовски.
Додава дека поради тоа што Стоби е на отворен простор, во наредните месеци се очекува од ден во ден и понатаму да се зголемува посетеноста.

-Стоби е на отворен простор и поради тоа безбедносните мерки за Ковид, а кои строго ги почитуваме, се помалку ризични, појаснува Перовски.
Тој информира дека во претстојните велигденски празници секој ден во деновите, сабота, недела и понеделник од 8 до 16 часот, Стоби ќе биде отворен за посетителите.
Перовски соопшти дека од средината на мај во Стоби ќе започнат годинашните конзерваторско-археолошки работи. ад/мд/