• понеделник, 23 декември 2024

Се бара дополнително објаснување од бугарската страна за неистакнување на македонското знаме на посетата на Сиљановска - Давкова, за Радев посетата не била ниту државна, ниту работна

Се бара дополнително објаснување од бугарската страна за неистакнување на македонското знаме на посетата на Сиљановска - Давкова, за Радев посетата не била ниту државна, ниту работна

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) –  Бугарскиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде му била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што е побарано дополнително објаснување од бугарската страна. Додека бугарскиот претседател Радев вели дека „посетата не била ниту државна, ниту работна“, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира“, затоа што, како што нагласува „ ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса“.

По дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев на средбата во петокот во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Радуков, кој вчера попладнево беше повикан во македонското МНР, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот. 

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска преку Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со видеото

Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.

Протестна нота за тоа што претседателката Сиљановска Давкова била повикана да се слика без македонското знаме, вчера најави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии, тогаш ќе мораме да интервенираме. 

- Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред вчерашаната средба со претставници на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.

Kryeministri Hristian Mickoski sot lidhur me aksionin e fundit për fshehje të tatimit tha se ai është një ndër hetimet e tilla të shumta që do të pasojnë në periudhën e vijim.

Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Бугарскиот претседател Румен Радев во прв коментар по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која предизвика реакции поради изоставувањето на македонското знаме на нивната заедичка фотографија во петокот во Софија, нагласува дека нејзината посета не била ниту официјална, ниту работна. 

Како што пренесува бугарската информативна агенција „Фокус“, Радев порачал дека со претседателот на Република Северна Македонија имале многу искрен и конструктивен разговор во пријателска атмосфера.

Импичмент нема да ги пополни браните или фрижидерите на луѓето, ниту ќе ги зголеми пензиите, туку најмногу ќе ги наполни плоштадите и ќе доведе до дефинитивен колапс на Владата, изјави бугарс

- Очекувам оваа искажана желба за отвореност да ја преземе Владата на РСМ, но нека биде јасно дека ова не беше ниту државна, ниту работна посета. Се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која со сите официјални средби согласно протоколот ќе придонесе и за натамошен развој на нашите односи. Ако го следиме протоколот, на ред е јас да одам таму, изјавил претседателот Радев.

Димитар Стојанов, советник на претседателот Радев и поранешен министер, пак за БНТ изјавил дека „посетата на претседателот на Република Северна Македонија била по повод културен настан и не била ниту државна ниту работна. - Поради тоа македонското знаме не беше ставено во салата бидејќи за вакви посети не е потребно строго почитување на државниот протокол, изјавил Стојанов. 

Тој рекол дека не би сакал да зборува за провокација во случајов, во ситуација кога се бара чекор напред во развојот на односи. - Не е коректно да се мешаме со знамиња во оваа ситуација. Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, дали треба да ставиме знамиња. Непотребно влошување на ситуацијата, рекол Стојанов.

На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.

- Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.

Претседателката на државава, Гордана Сиљановска - Давкова го честиташе денот на Армијата на „Фејсбук“, нагласувајќи дека е горда на нејзините припадници.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за разговорот со бугарскиот претседател Руман Радев рече дека бил долг, пријателски, со почит и дека „ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси“. - Мислам дека успеав на пристоен, културен, претседателски и државнички начин да му кажам што е нашата позиција и што очекувам, изјави вчера Сиљановска Давкова.

Во врска со отсуството на државното знаме за време на средбата со Радев во Софија, Сиљановска Давкова во гостувањето на телевизија Сител, рече дека одлучила оти е подобро да не прави скандал и напомена дека одговорност за шефот на протоколот нема да има.

-Јас ги знам протоколарните правила на Бугарија, ги знам и на многу други држави. Знам дека домаќинот го утврдува протоколот, знам дека имало примери кога доаѓале и други државници, меѓутоа не биле истакнати државните симболи. Но, она што мене ме зачуди и не мислам дека беше сторено намерно, е зошто не бев информирана за тоа. Последниот договор бил дека ќе има слика од тет-а-тет средбата, се разбира од ручекот нема да има слика, но јас не знаев дека ќе треба да се сликам и во просторот каде што се одржуваат фото сесиите. Кога тргнавме, мислевме дека ќе одиме во просторија за разговор. Одеднаш, кога влегов во просторијата, ги видов двете знамиња и требаше да размислам што да направам. Едната мисла беше дека можам да си заминам и ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот греши, а не јас. Во тој момент решив дека е подобро сепак да не правам скандал, рече Сиљановска Давкова.

Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со  „Набуко“, како чекор од културната дипломатија.  Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во однос на средбата на претседателката Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, вели дека очекува извинување од Бугарија и не би сакал да се разочара од соседот.

-  Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, изјави вчера Муцунски, во интервју за „360 степени“.

Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.

На 27 октомври во Бугарија ќе се одржат вонредени парламентарни избори, седми во последните три години.  aa/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан