• среда, 05 март 2025

Се асфалтира локалниот пат во маало Албанци во каменичкото село Тодоровци

Се асфалтира локалниот пат во маало Албанци во каменичкото село Тодоровци
Македонска Каменица, 21 мај 2022 (МИА) - Се асфалтира локалниот пат во маало Албанци во каменичкото село Тодоровци. Патот е во вкупна должина од околу 1,5 километри, информираа од Општината. Со изградбата на овој асфалтен пат, нагласуваат, комплетно се решава патната инфраструктура во ова село. - Во понатамошниот период ќе пристапиме кон уредување на патиштата во останатите рурални средини за што веќе се извршени мерења и се подготвува потребната документација, истакнаа од Општина Македонска Каменица. Вршејќи увид во градежните работи градочалникот на Општина Македонска Каменица информираше дека паралелно се гради уште еден паркинг простор во централното градско подрачје - Паркингот ќе биде завршен за десетина дена, а потоа ќе следува изградба на паркинг кај ЈП „Камена Река", рече Атанасовски. Во рамки на останатите градежни активности кои ќе бидат реализирани во периодот кој следи, како што додаде,  предвидена е и изградба на пристапна патека над трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица. вс/цр

Остани поврзан