• сабота, 27 јули 2024

Се асфалтираа улици во штипската населба Три Чешми

Се асфалтираа улици во штипската населба Три Чешми

Штип, 20 октомври 2023 (МИА) - Градежните активности денеска продолжија во штипската населба Три Чешми. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска изврши увид во градежните работи истакна дека  денеска асфалтен слој добија неколку краци во Три Чешми и улица која претходно беше видно оштетена. Со нешто помалку од еден милион денари пари од општинската каса се асфалтираше во Три Чешми, а околу еден и пол милион денари се издвоени и за активностите кои треба да започнат во Караорман.

-Се наоѓаме во населбата Три чешми. Во текот на вчерашниот ден асфалтиравме краци од улици во населба Балканска, денес сме во населбата Три Чешми. Една од ветените улици која беше со оштетен коловоз денес ја асфалтиравме. Продолжуваме и во населбата Караорман, каде ќе се асфалтираат краци од старата улица, кои не биле до сега асфалтирани. Знаеме дека не е доволно ама се трудиме да инвестираме во секоја населба од парите на граѓаните, вели Јорданов.

Toj посочи дека до крајот на годината во населба Три Чешми ќе следуваат низа активности, со кои ќе се подобри инфраструктурата во самата населба и ќе се реагира на потребите на граѓаните.

-Во текот на оваа година ова нема да биде единствен проект кој е планиран за Три Чешми. Продолжуваме и во наредните месеци со одредени активности во оваа населба кои се надевам дека ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата во самата населба, рече Јорданов.

Во текот на утрешниот ден ќе се асфалтираат улици во населбата Караорман. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан