• вторник, 24 декември 2024

СЕХА Ф4-турнирот ќе се игра во Задар

СЕХА Ф4-турнирот ќе се игра во Задар
Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Завршниот турнир од регионалната ракометна лига – СЕХА, оваа сезона ќе се игра во хрватскиот приморски град Задар. Турнирот ќе се одржи од 3 до 5 април во салата „Крешимир Ќосиќ“. Ова е трет пат, по Загреб 2012 и Вараждин 2016 година, завршницата да се игра во Хрватска. - Како и секогаш, очекуваме дека навивачите ќе имаат шанса да гледаат одличен ракомет, но и да уживаат во целиот настан. По минатогодишниот Ф4 во Брест, Белорусија, ќе се обидеме да го подигнеме нивото уште повисоко и да организираме уште еден фантастичен турнир. Ние сме многу горди што една од најпосетуваните туристички дестинации на Медитеранот ќе биде домаќин на СЕХА - Газпром лига Ф4, изјави Синиша Остоиќ, извршен директор на СЕХА - Гаспром лига. Актуелен шампион во СЕХА лигата е Вардар. зс

Тагови

Остани поврзан