Сеук Гун Ким заминува од Вардар
- Сеук Гун Ким не е повеќе фудбалер на ФК Вардар, соопштија од клубот вечерва.
Скопје, 29 декември 2024 (МИА) - Сеук Гун Ким не е повеќе фудбалер на ФК Вардар, соопштија од клубот вечерва.
Во црвено-црниот дрес, Кореецот забележа вкупно шест натпревари, без постигнат погодок.
-Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата, истакнаа од Вардар. дс
Фото: Фејсбук/Вардар