• недела, 24 ноември 2024

Серија работилници како дел од проектот „Инклузивен мост 18“ во Делчево

Серија работилници како дел од проектот „Инклузивен мост 18“ во Делчево
Делчево, 2 февруари 2021 (МИА) - Во Делчево заврши дводневната работилница на тема „Улогата на старателите во социо-економската интеграција на деца без родители и родителска грижа“. Активноста е дел од проектот „Инклузивен мост 18“, чија главна цел, како што информираа од имплементирачката организација Бравура кооператива, е создавање одржлива програма за инклузивен економски развој на децата без родители и родителска грижа.
Учесниците на настанот беа старатели на деца без родители и родителска грижа од Центрите за социјална работа од градовите Берово, Виница, Штип и Делчево.
- Во оваа прилика им благодариме за нивното физичко присуство во околности на Ковид пандемијата, а посебна благодарност што дадоа голем придонес во развојот на програмата за социо-економска интеграција на децата без родители и родителска грижа. Во суштина на проблематиката, старателите во својство на заменски родители, се суштински фактор во овој процес, па, затоа, сметаме дека оваа работилница, отвори нови можности, нови информации, тековни проблеми, предлози и сугестии како и одредени законски прописи кој се неопходни за социо-економска инклузија на оваа популација, истакнаа од Бравура кооператива.
Во рамки на настанот, како што додадоа, беа отворени и други прашања од оваа проблематика која е неминовен дел од секојдневното работење на Центрите за социјални работи.
- На работилницата се разви дебата за бројот на деца кои може да ги има еден старател, времето посветено кон старателството, другите работни обврски на самите вработени лица, посети, старателства во други градови и достапни ресурси, програми на корисниците итн. Праксата укажува на некои основни законитости и насоки за понатамошно истражување и сензибилизирање на предизвиците со кои се соочуваат стручните лица, додадоа од Бравура кооператива.
Проектот „Инклузивен мост 18“ се реализира во период од 24 месеци и истиот се реализира со финансиска поддршка од програмата на Цивика мобилитас. вс/ар/

Остани поврзан