• вторник, 24 декември 2024

Серија за супермоделите од 90-тите и случувањата зад модната писта

Серија за супермоделите од 90-тите и случувањата зад модната писта

Лос Анџелес, 13 јули 2023 (МИА) - Документарна серија „Супермодели“ ќе се прикажува оваа есен. Како што посочува и насловот, се работи за низа ексклузивни интервјуа со супермоделки кои ќе проговорат што се случува на модната писта, но и зад неа.

Во документарецот на „Епл ТВ плус“ ќе учествуваат Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон. Режисерка е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грезер и Рон Хауард. Денот на прикажувањето е 20 октомври.

- Моите сестри Кристи, Линда, Синди и јас сме воодушевени што можеме да ја споделиме нашата приказна со светот. Нема подобри луѓе од Брајан Грисер и Рон Хауард кои би ја оживеале нашата приказна, бидејќи знаеме дека тие ќе ја почитуваат, изјави Наоми во една прилика.

Денес четирите супермодели остануваат во првите редови на културата преку својот активизам, филантропија и деловна моќ.  си/паг/

Фото: МИА архива, ЕПА

Остани поврзан