• понеделник, 23 декември 2024

Серена Вилијамс модна икона 2023 година

Серена Вилијамс модна икона 2023 година

Лос Анџелес, 7 ноември 2023 (МИА) - Американската асоцијација на модни дизајнери (ЦФДА) ѝ ја додели на Серена Вилијамс наградата за модна икона. Таа е една од најуспешните тенисерки досега, претприемачка, дизајнерка, а сега и призната ѕвезда на модниот свет, пренесува „Пипл“ (People).

- Уште како мало девојче, ја користев модата како начин да се изразам. Модата ме направи самоуверена да излезам на теренот и да бидам тоа што сум и да знам каде сакам да одам. Неверојатно ми е чест да примам престижна награда од организација на чија работа долго ѝ се восхитувам и дека стојам меѓу стилските икони на кои отсекогаш сум гледала, изјави Серена на почетокот на минатиот месец, кога ѝ беше соопштено дека ќе ја добие наградата.

Претседателот на ЦФДА, Том Браун рече дека таа е „очигледен пример за индивидуалност“ во сè што прави.

- Серена е една од најинспиративните луѓе во светот. Таа е спортска икона, таа претставува величина на највисоко ниво. Таа е врвен пример во сè што прави, рече тој.

Тенисерката вчера ја прими наградата на „ЦФДА фешн авардс“, со што стана првата спортистка што ја освоила наградата. На црвениот тепих дојде во тесен црн фустан дизајниран за неа од Том Браун, надополнет со црни ракави, заден продолжеток на фустанот, но и со дијамантски накит. Претходните години наградата за модна икона ја добија Бијонсе, Наоми Кембел, Лени Кравиц, Зендаја, Џенифер Лопез, Франка Созани, Фарел Вилијамс и Ријана.  си/сд/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан