• сабота, 27 јули 2024

Сепаратистичкиот водач Пушилин ги повика мажите да се вооружат

Сепаратистичкиот водач Пушилин ги повика мажите да се вооружат

Москва, 21 февруари 2022 (МИА) - Во самопрогласената Народна Република Доњецк, сепаратистичкиот водач Денис Пушилин ги повика сите мажи да се вооружат и да се борат против украинските владини трупи. Украина постојано нагласува дека не планира офанзива против проруските сепаратисти.

Пушилин зборуваше за масовно гранатирање од украинска страна. Оваа информација не можеше да се потврди, јави ДПА.

Во Доњецк се погодени две училишта, болница и трансформаторска станица, соопштија сепаратистичките власти.

Од регионите контролирани од сепаратистите лојални на Москва, главно жени и деца продолжија да заминуваат во Русија со автобуси и возови. Десетици илјади пристигнаа во итни засолништа во различни делови на Русија. Мажите морале да останат во спорните области.

„Ја повикувам машката популација, сите оние кои можат да држат оружје, да се приклучат на окружните воени команди и да се залагаат за заштита на нивните семејства, деца, сопруги, мајки и за нашата татковина“, рече Пушилин. паг/

Остани поврзан