• среда, 25 декември 2024

Сензорна просторија за деца со пречки во развојот во градинката „11 Октомври“

Сензорна просторија за деца со пречки во развојот во градинката „11 Октомври“
Скопје, 20 мај 2020 (МИА) - Прва сензорна просторија за помош на деца со пречки во развојот е отворена денеска во градинката „11 Октомври“, работна единица „Ташко Караџа“ во населбата Радишани. Целта на собата, како што истакна градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски кој заедно со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, беа во посета на градинката, е да им се помогне на децата со посебни потреби во однос на нивниот развој и инклузија во општеството. -Денеска имаме убава можност да отвориме нешто што е потреба за градинката и жителите на Општина Бутел тоа е една преубава одделенска настава каде што на дечињата со посебни потреби и деца со пречки во развој ќе може да им се помогне во однос на нивната иднина. Со Град Скопје вложиме над милион ипол денари, но не застануваме тука. Се надевам дека за брзо време ќе го отвориме и надворешниот дел, односно игротеката која што ни е во план, ќе биде специјална за овие деца и се надевам дека според потребите ќе продолжиме и во другите градинки на територија на општината да го правиме ова, истакна Смилевски. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој денеска ја посети градинката, појасни дека Градот веќе има инвестирано во ваков вид на сензорски соби, но според него, оваа сензорска просторија во градинката во Радишани е убедливо најдобро опремена. -Во изминатиот период Градот Скопје во соработка со општина Бутел овде во градинката во „Ташко Караџа“ инвестираше заеднички еден ипол милион евра, со цел да ја опремиме до сега најдобрата сензорска соба, градот има до сега инвестирано во ваков тип на сензорски соби но ова е до сега убедливо најдобро опремена соба, која ќе овозможи на деца со пречки во развој да допринесеме како институција и како општини, како град и градинка да овозможиме полесен и поедноставен развој на децата со цел да определени аномалии да можат поеднставно и полесно да ги надминат. Шилегов додаде оти искуствата покажуваат дека токму ваквиот интерактивност најмногу помага во развојот на овие деца. Истакна дека ќе има посебен стручен кадар кој што знае како да работи со овие деца но и како да ги употребува справите кои се во собата со цел да се овозможи еден поинаков пристап на овие деца. -Град Скопје како институција сериозно инвестира во овој тип на активности и кадар со цел овозможување поедноставен живот на нашите сограѓани. Една ваква соба веќе има во Општина Центар каде се помага на овие деца, да имаат што е можно посреќно детство, ја поттикнуваме инклузија на овие деца во секоја сфера на животот, додаде градоначалникот Шилегов.бт/са/

Остани поврзан