• сабота, 23 ноември 2024

Сенатот на САД изгласа нов пакет мерки за помош на Американците во време на пандемија 

Сенатот на САД изгласа нов пакет мерки за помош на Американците во време на пандемија 
Вашингтон, 7 март 2021 (МИА) - Американскиот Сенат синоќа ги изгласа мерките за помош на економијата на САД погодена од Ковид-19, во висина од 1,9 трилиони долари, предложени од претседателот Џо Бајден. Демократите, кои се мнозинство во Сенатот, по неколкудневни дискусии конечно усогласија делумно видоизменет пакет мерки што вклучува помал, но критичен слој на граѓани кои ќе ги примаат исплатите од по 1.400 долари за човек, како и намалени неделни исплати од 300 долари за пријавените невработени лица. Резултатот од гласањето ја покажа острата партиска поделеност во однос на законот – „за“ гласаа сите 50 демократи, додека „против“ беа сите 49 присутни републиканци. Сенаторот Ден Суливан од Алјаска, беше отсутен поради смртен случај во семејството. Мерките сега треба да бидат изгласани во Претставничкиот дом, кој што се очекува да ги прифати измените договорени во Сенатот најдоцна до 14 март, кога истекува рокот за некои од бенефициите, како исплатите за невработеност, од претходната мерка донесена во декември. Овој пакет мерки, после првите два донесени минатата година во април-март и во декемри, може да биде последен голем закон во одговор на пандемијата. кб/

Остани поврзан