• вторник, 24 декември 2024

Сенатот го ослободи Трамп од обвинувањата за „поттикнување бунт“ во немирите на Капитол на 6 јануари

Сенатот го ослободи Трамп од обвинувањата  за „поттикнување бунт“ во немирите на Капитол на 6 јануари
Вашингтон, 13 февруари 2021 (МИА) - Откако обвинителите и одбраната изнесоа завршни зборови, во петтиот ден од судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп следеше гласање за негово отповикување со кое - тој беше ослободен од обвиненијата за „поттикнување бунт“ во немирите на Капитол на 6 јануари. Гласањето во американскиот Сенат во голема мера беше поделено по партиска линија - 57 сенатори го прогласија за виновен, додека 43 гласаа за негово ослободување. Тоа не беше доволно за двотретинско мнозинство, потребно за прогласување за виновен. Трамп е единствен американски претседател против кого двапати се водеше процес за отповикувње. Дека тој е виновен гласаа 57 сенатори, што значи дека седуммина републикански колеги им се придружија на демократските сенатори, додека 43 сенатори гласаа за ослободување од обвиненијата на поранешниот претседател. Претходно, сенаторите се согласија да ги прескокнат исказите на сведоците во процесот на отповикување на Трамп. Со тоа се избегна продолжено судење и двете страни ги презентираа последните аргументи. зш/

Остани поврзан