• вторник, 24 декември 2024

Семејството на Навални поднесе тужба бидејќи не им е дозволено да го посетат во руски затвор

Семејството на Навални поднесе тужба бидејќи не им е дозволено да го посетат во руски затвор

Москва, 3 јули 2023 (МИА) - Семејството на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој е во затвор, поднесе колективна тужба против затворската колонија која не им дозволува да го посетат и има намера да го изнесе случајот до Уставниот суд доколку е потребно, објави денеска Навални на Инстаграм.

„Јас сум осуденик. И никогаш не престануваат да ме потсетуваат дека сум 'како и сите други'. Но, имав нула посети во последната година, нула долги посети, нула кратки посети и две телефонски јавувања пред 11 месеци“, напиша Навални на Инстаграм.

Навални вели дека Уставот им го гарантира правото на неговите деца да го видат, како и дека е должен да учествува во нивното воспитување.

„Уставот ги гарантира и правата на моите родители. Обврзан сум да се грижам за нив колку што можам“, напиша рускиот опозиционер, додавајќи дека на последното рочиште во јуни на неговите родители им било забрането да влезат во судницата.

Како тужители ги наведува сопругата Јулија, родителите и децата Даша и Захар.

Навални отслужува казна од 11 и пол години во казнената колонија ИК-6 во Мелехов, на околу 235 километри источно од Москва, за наводна измама и други обвиненија за кои тврди дека се измислени за да се задуши неговата критика кон рускиот претседател Владимир Путин. 

Минатиот месец започна нов судски процес против Навални за наводни „екстремистички активности“, што може да доведе до продолжување на неговата затворска казна за уште 10 години. паг/

 

 

Остани поврзан