• среда, 27 ноември 2024

Семејството на Миле Стојкоски од Латово единствено во земјава со три домашни слави

Семејството на Миле Стојкоски од Латово единствено во земјава со три домашни слави

Кичево, 29 август 2021 (МИА) - Семејството на Миле и Марија Стојкоски од село Латово, Бродско е единствено или едно од ретките христијански семејства во земјава кое празнува три домашни слави, потврди и свештено лице од Македонски Брод.

Како дошло до тоа ова семејство во три наврати да го слави заштитникот на куќата ни образложи самиот славеник Миле.

-Моето семејство е единствено или едно од ретките семејства во земјава што празнува три домашни слави, Мала Богородица, Свети Ѓорѓија и Свети Никола. Приказната како се споиле трите домашни слави во едно семејство е следната.Татко ми кога дошол домазет од село Манастирец кај мајка ми во село Латово, со себе ја донел домашната слава - Свети Ѓорѓија, а за да не згаснат двете домашни слави во  семејството на мајка ми, продолжиле да ги слават  и Мала Богородица и Свети Никола и така од двете страни се собрале дури три домашни слави што и денес ги практикуваме, вели  Миле Стојкоски.

Тој додаде дека покрај трите домашни слави, гости чека и за селската слава Петровден. Вели дека е пресреќен што цела година е во можност да пречекува гости и дека душата му е весела кога има полна куќа гости. Посочи дека додека е жив во неговиот дом ќе се слават трите слави. за/мд/

Остани поврзан