• понеделник, 23 декември 2024

Семејства на жртви од 11 септември бараат од претседателските кандидати да не склучуваат договори со Саудиска Арабија

Семејства на жртви од 11 септември бараат од претседателските кандидати да не склучуваат договори со Саудиска Арабија

Вашингтон, 29 август 2024 (МИА) - Повеќе од 3.000 членови на семејства на жртви од терористичките напади во САД на 11 септември денеска ги повикаа кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп, да се спротивстават на каков било мировен договор на Блискиот Исток со Саудиска Арабија, додека американската влада не ја повика оваа земја од Заливот на одговорност за наводната улога што ја имала во нападите.

Во писмото до кое имал пристап Си-Би-Ес Њуз, семејствата укажуваат на видео-снимки од 1999 година, на кои се гледа агент на саудиската влада како го проучува објектот на американски Капитол, што тие го наведуваат како доказ за вмешаноста на Саудиска Арабија.

„Додека водите кампања да станете следниот претседател на Соединетите Американски Држави, бараме од вас да ветите дека нема да поддржите ниту еден мировен договор на Блискиот Исток кој ја вклучува Саудиска Арабија освен ако целосно не се разгледа улогата на владата на Саудиска Арабија во нападите на 11 септември“, соопштија семејствата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан