• четврток, 15 мај 2025

Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани бараат одговорност и оставки

Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани бараат одговорност и оставки

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада. 

Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни структури во државата. 

- Сите да си дадете оставки, рече Апостолов.

Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај. 

Од Јавното обвинителство, семејствата на настраданите се упатија кон Собранието каде во тек е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите. ар/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан