• вторник, 24 декември 2024

Селта му врачи отказ на Бенитез

Селта му врачи отказ на Бенитез

 

Виго, 12 март 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Селта Виго го раскина денеска договорот со тренерот Рафаел Бенитез, осум месеци откако беше назначен на должноста.

Селта, која е 17-пласирана на табелата во Ла Лига, „не ги постигна резултатите кои клубот ги очекуваше“ под водство на поранешниот тренер на Реал Мадрид, Челзи и Ливерпул, се појаснува во клупското соопштение.

„Клубот му изразува најголема благодарност на Рафа Бенитез и неговите помошници на искрениот и професионален однос кои го покажаа од своето доаѓање“, порача Селта.

Клубот од Виго досега собра 24 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан