Селта влезе во преговори со Хамес Родригез
- Селта Виго сака да го ангажира играчот од средниот ред на Сао Паоло, Хамес Родригез, објави новинарот Николо Шира.
Виго, 24 јули 2024 (МИА) - Селта Виго сака да го ангажира играчот од средниот ред на Сао Паоло, Хамес Родригез, објави новинарот Николо Шира.
Шпанскиот клуб започна преговори со 33-годишниот Колумбиец и му нуди договор до крајот на јуни 2026 година.
Претходно беше објавено дека Порто исто така има интерес за фудбалерот.
На 22 јули се дозна дека Хамес ќе го раскине договорот со Сао Паоло и има намера да се врати во Европа.
Родригез игра за бразилскиот клуб од јули 2023 година. Играчот од средниот ред одигра 22 натпревари за тимот, постигна два гола и направи четири асистенции.
Неодамна, Родригез беше прогласен за најдобар играч (МВП) на Копа Америка. зс/
Фото: ЕПА