• сабота, 27 јули 2024

Селма Хајек - благодарна и горда на своите 54 години

Селма Хајек - благодарна и горда на своите 54 години
Солун, 3 септември 2020 (МИА) - Селма Хајек вчера го прослави својот 54-ти роденден, на одмор во Грција со својот сопруг, францускиот бизнисмен и милијардер Франсоа-Анри Пино. По тој повод, таа објави и повеќе слики на Инстаграм. „Јас сум многу благодарна и горда на секоја од моите 54 години досега. Ви благодарам на сите за роденденските честитки, а посебно до оние мои обожаватели кои  направија специјален профил за мојот роденден! @salmahappybirthday Каков подарок!“, напиша мексиканската глумица. Таа во овој миг е на „продолжен летен одмор“ со својот сопруг низ Грција. Тие двајца се заедно од 2006., а во брак се од 2009 година. Имаат една ќерка - Валентина (13). Следните филмови во коишто таа ќе глуми, се годинашните „Like a Boss“ и „The Roads Not Taken“ и, „The Hitman's Wife's Bodyguard“, „The Eternals“ и „Bliss“ - закажани за идната 2021 година. си/паг/

Остани поврзан