• недела, 28 јули 2024

Селин Дион го одложи новото шоу во Лас Вегас, поради здравствени проблеми

Селин Дион го одложи новото шоу во Лас Вегас, поради здравствени проблеми
Лас Вегас, 20 октомври 2021 (МИА) - Светски познатата канадско-американска пејачка Селин Дион го одложува отворањето на своето ново шоу во Лас Вегас, поради здравствени проблеми. Легендарната пејачка „доживува тешки и напорни грчеви во мускулите“ што ја спречуваат да настапува, се вели во соопштението за печатот. - „Нејзиниот медицински тим продолжува да ја проценува и третира. Сепак, симптомите што ги доживува, не ѝ дозволуваат да учествува во тековните проби за новото шоу “. Дион требаше да отвори ново шоу во „Ресортс ворлд театарот“ (Resorts World Theatre) во Лас Вегас на 5 ноември. Меѓутоа, претставите за оваа година, како и оние за јануари и февруари, се откажани. „Ме скрши срцето од ова“, напиша Дион на Инстаграм. - „Мојот тим и јас работевме на нашето ново шоу изминативе осум месеци, и тоа што не можеме да го отвориме овој ноември ме растажува многу“. Во интервју претходно оваа година, Дион проговори зошто толку години настапува во Лас Вегас, истакнувајќи дека тоа ѝ овозможува да остане на едно место со своето семејство. Новиот датум на отворање на нејзиното ново шоу сѐ уште не е одреден. Од друга страна, продолжението на „Светската турнеја за храброст“ на Дион сѐ уште важи за во март.  си/

Остани поврзан