• недела, 21 јули 2024

Селекторот на Бразил го објави конечниот список на играчи за Копа Америка

Селекторот на Бразил го објави конечниот список на играчи за Копа Америка

Сао Паоло, 20 мај 2024 (МИА) - Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Доривал Жуниор го објави конечниот список од 26 играчи за претстојната Копа Америка.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) им дозволи на сите селектори да имаат 26 играчи на располагање за континенталното натпреварување.

Доривал додаде уште тројца фудбалери на првичната листа од 23 играчи: Бремер, Едерсон и Пепе.

Последниот список на Бразил за Копа Америка ги вклучува:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Бенто (Атлетико Паранаенсе), Рафаел (Сао Паоло).

Одбрана: Бералдо (ПСЖ), Едер Милитао (Реал), Габриел (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Данило (Јувентус), Јан Куто (Жирона), Гиљермо Арања (Атлетико Минеиро), Вендел (Порто), Бремер (Јувентус) .

Среден ред: Андреас Переира (Фулам), Бруно Гимараеш (Њукасл), Даглас Луис (Астон Вила), Жоао Гомеш (Вулверхемптон), Лукас Пакета (Вест Хем), Едерсон (Аталанта).

Напаѓачи: Винисиус Јуниор (Реал), Родриго (Реал), Габриел Мартинели (Арсенал), Рафиња (Барселона), Еванилсон (Порто), Савињо (Жирона), Ендрик (Палмеирас), Пепе (Порто).

Копа Америка ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули во САД, а Бразил ќе игра во група со Колумбија, Парагвај и Костарика. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан